MASKA POSTER za web-namalena.png

FOLLOW US ON SOCIAL MEDIA

  • Grey Facebook Icon
  • Grey Instagram Icon

      Најголемите археолошки откритија во светот обично доаѓаат случајно. Денес, во Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија во Скопје, со гордост ја прикажуваме приказната за такво откритие, кое се случи во 1918 година, во близина на селото Требениште, кај Охридското Езеро. Оваа приказна е сосема уникатна и инспиративна, не само за ексклузивноста на наодите или околностите на откривањето, туку и за нејзиниот меѓународен карактер, бидејќи археолозите од три земји поединечно ископаа делови од мистериозна, историска и културна загатка во изминатите 100 години. Загатката сега за првпат во својата историја ќе се состави како целина, но овој пат со заеднички напор на археолозите од истите три соседни земји каде што овие делови се чуваат и презентираат во нивните главни музеи.

    Изложбата "100 години Требениште" ја одбележува годишнината од откривањето на  Требенишката некропола, една од најзначајните, и сигурно најпознатите локалитети на Балканот. Дури и сега, 100 години од откривањето на првата златна маска, локалитетот останува мистерија, предизвикувајќи многу генерации археолози да ја откријат приказната за непознатата аристократија што живеела крај брегот на Охридското Езеро во текот на 6 век п.н.е.

       Пред неколку години, кустосите од Националниот археолошки музеј на Република Северна Македонија во Скопје, Националниот музеј во Белград и Националниот археолошки институт и музеј од Софија започнаа да се состануваат и да разговараат за годишнината од откривањето на Требениште. Врз основа на нашите одлични професионални односи и заедничкиот ентузијазам, сите се согласија дека најсоодветен начин да се прослави годишнината е да се подготви изложба во која ќе бидат вклучени пронајдоците од ископувањата во Требениште. Изложбата содржи околу 400 пронајдоци, меѓу кои погребни маски, златни апликации во облик на рака, алки изработени од злато, ритони, кантароси и друг накит, предмети од сребро, килибарни ѓердани, бронзени садови, оружје и керамички предмети. Сите овие наоди, заедно со фотографиите, архивските наоди и дизајнот на изложбата имаат за цел да го прикажат митот за Требениште.

Првата прес конференција за претстојната изложба “100 години Требениште” во Софија, Бугарија

Потпишан договорот за соработка со Народен Музеј Белград, Р.Србија за јубилејната изложба “100 години Требениште”

1/1

1/1

Потпишан договорот за јубилејната изложба "100 години од Требениште".

1/1
GET IN TOUCH

We'd love to hear from you

ЛОКАЦИЈА

  Кеј Димитар Влахов б.б.,Скопје 

+389 2 323 3999

МАРТ - АВГУСТ 2019 

Вторник - Недела 

10:00 - 18:00 

  • Grey Facebook Icon
  • Grey Instagram Icon