ИСТОРИЈАТ НА ИСТРАЖУВАЊЕ НА НЕКРОПОЛАТА ТРЕБЕНИШТЕ 

Едно од најспектакуларните откритија на Балканот некрополата Требениште била откриена за време на последните месеци од Првата светска војна во 1918 година, за време на реновирањето на патот кој водел од Охрид за Кичево кај селото Требениште. При реновирањето на патот кон Кичево, на два километри јужно од селото Требениште, на 20 мај 1918 година бугарската војска под команда на капетан инг. Георгиев го откри првиот гроб на некрополата со богати гробни прилози. Илија Ацев и Никола Даркев внимателно ги собрале гробните прилози. Димитар Мустаков и Евтим Спространов го известиле Националниот археолошки музеј во Софија за новото откритие од Требениште. На барање на Археолошкиот музеј бугарската команда на 6 Јули 1918 година го испратила Карел Шкорпил да ги продолжи истражувањата близу Охрид, и биле истражени уште 6 гроба. Подоцна резултатите од истражувањата ќе ги обработи и објави Богдан Филов, еминентен бугарски археолог и политичар, во соработка со Карел Шкорпил. Наодите од овие ископувања денес се наоѓаат во Националниот археолошки институт и Музеј при Бугарската академија на науките во Софија.

Show More

Втората фаза на истражувања на некрополата Требениште се одвивала во периодот од 1930 до 1939 година, раководена од Никола Вулиќ, професор на Белградскиот универзитет. Никола Вулиќ заедно со Милован Кокиќ, кустос во Музејот во Скопје (Куршумли Ан) започнале ископувања во Јули 1930 година во селото Горенци. Истражувањата се одвивале на просторот каде биле откриени првите гробови. Во месец Јули бил откриен гробот 8 и неговото пронаоѓање било објавено во дневниот весник Политика. Сензационалното откритие ја привлекло научната јавност и биле започнати нови проекти. Деценијата од истражувања на Вулиќ на некрополата Требениште резултирала со откривање на шест богати и девет сиромашни погребувања, како и две погребувања под фортификацијата. Првите тематски изложби од оваа некропола биле направени во 1932 година во Националниот музеј во Белград во павиљонот Цвјета Зузориќ. Наодите од овие истражувања се наоѓаат во Националниот музеј во Белград.

 

Третата фаза истражувања започнала во 1953 и 1954 година под раководство на Јоже Кастелиц од Националниот музеј во Љубљана и кустосот Васил Лахтов од Охридскиот музеј на локацијата Сува Чешма, во непосредна близина на турските гробишта.  За време на овие истражувања биле откриени десет гробови (од гроб 23 до гроб 33) т.н. „сиромашни гробови“.

Васил Лахтов направил систематизација на целата археолошка граѓа, тој направил ревизија на сите аспекти на истражување, границите на некрополата, погребните ритуали, наодите и нивната хронологија.

 

Во месец Март 1972 година било утврдено дека трасата на регионалниот пат Кичево – Охрид ќе помине низ локалитетите Сува Чешма,Три Чељусти и Вртуљка. Поради тоа во периодот помеѓу април и октомври 1972 година биле изведени археолошки ископувања од страна на Заводот за заштита на културното наследство во Охрид и Националниот конзерваторски центар на Република Македонија под раководство на Владо Маленко. Беа откриени дваесет и три погребувања кои се датирани во периодот помеѓу 7 и 4 век пр.н.е. Резултатите од овие ископувања беа објавени во публикацијата „Три чељусти и Вртуљка“ од страна на Паско Кузман. Наодите од овие ископувања се наоѓаат во Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид.

1/3
ПОДГОТОВКИ НА ИЗЛОЖБАТА
GET IN TOUCH

We'd love to hear from you

ЛОКАЦИЈА

  Кеј Димитар Влахов б.б.,Скопје 

+389 2 323 3999

МАРТ - АВГУСТ 2019 

Вторник - Недела 

10:00 - 18:00 

  • Grey Facebook Icon
  • Grey Instagram Icon